Преглед на идната понуда · Не е отворена продажба
Помош

Овој нацрт ги опишува планираните пакети и можности. Целосната понуда ќе биде објавена по проверка на сите ветени функционалности.

КИБС и сертификати

Како да нарачате сертификат од КИБС

Нарачката, идентификацијата и плаќањето се прават директно кај КИБС.

  1. Отворете го официјалниот процес за VerbaSign Pro. Проверете го производот и пополнете податоци што одговараат на документите на носителот и компанијата.
  2. Генерирајте ја нарачката и следете ги инструкциите за плаќање и документација што КИБС ги испраќа.
  3. Потврдете го идентитетот според насоките на КИБС. За отсуство на носителот или управителот постојат посебни нотарски и полномошни процедури.
  4. Следете ги добиените рокови и насоки за издавање. Не испраќајте лични исправи или документација за нарачката до invo.mk.
  5. По издавањето поставете го медиумот и локалниот потпишувач. Проверете го УЈП овластувањето одделно.

Официјални извори и поврзани упатства

KIBSTrust · VerbaSign ProKIBSTrust · Support